сабота, 27 мај 2017  |  Вести денес: 9

ВИДЕО: И Цветановски меѓу хулиганите што дивееја пред СПУКМ

Станува јасно дека зад насилството на денот на студентските избори не стои нико ј друг туку СДСМ и СОРОС. На видео снимката до која дојде Нетпрес се гледа дека меѓу хулиганите што го попречуваа изборот на нов лидер на СПУКМ и што правеа нереди вечерта пред седиштето на СПУКМ е и Александар Цветановски – Бабуш.

cvetanovski-11

Поврзани вести

Станува јасно дека зад насилството на денот на студентските избори не стои нико ј друг туку СДСМ и СОРОС. На видео снимката до која дојде Нетпрес се гледа дека меѓу хулиганите што го попречуваа изборот на нов лидер на СПУКМ и што правеа нереди вечерта пред седиштето на СПУКМ е и Александар Цветановски – Бабуш.

Цветановски е поранешен прв човек на младите на СДСМ во Центар и поранешен советник на СДСМ во Општина Центар.

За него, дел од медиумите веќе пишуваа дека е вработен во Паркинзи на општина Центар, кое е препознатливо по тоа што ги вдомува сдсмовските кадри, а е раководено од првиот човек на СДСМ – Центар, Саша Богдановиќ.

Како што може да се забележи на видео снимката, Цветановски беше присутен во текот на целиот ден додека нелегитмните претставници на студентите „пленумците“ се обидуваа да го попречат демократското изразување на волјата на студентите. Исто така, тој може да се забележи и пред седиштето на СПУКМ каде „пленумци“ вечерта се обидоа да го украдат гласачкиот материјал и предизвикаа штети.

Цветановски исто така, во текот на вчерашниот ден, по неуспешниот обид за саботирање на студентските избори упати срамни закани кон македонските полицајци на социјалните мрежи.

babus-1640

babus-2640

Пред неколку години, во медиумите се појавија фотографии на истиот Цветановски фотографиран со огромно количество алкохол, прегрнат со највисокото раководство на СДСМ, со Бранко Црвенковски, Радмила Шеќеринска, Зоран Заев и најшокантната фотографија, како во раката држи огнено оружје.

cvetanovski-2-240x180cvetanovski-1-240x129

Со ова станува повеќе од очигледно дека зад насилствата од четвртокот не стои никој друг туку хулиганите на СДСМ и платениците на СОРОС.

Најчитани вести