петок, 31 март 2017  |  Вести денес: 0

ВИДЕО: Да ви застане здивот – џиновска лигња во Јапонија

LIGNJA

Последни вести

Долго се мислеше дека ова животно постои само во приказните на морнарите, а една од причините за ова е што ретко излегува на површината.

Бројните туристи во Тојами во Јапонија добија единствена прилика на крајот на месецов-со сопствени очи да ја видат џиновската лигња долга дури четири метри и широка отприлика еден метар.

Таа изненадно се појавила на површината, што е исклучително ретка појава, бидејќи на тие живеат на длабочина и до 300 метри.

Ова огромно суштество го измерил нуркач кој бил свесен дека лигња само сакала да си игра.

За овој вид лигња се до 19. век се верувало дека не постои, а првиот научен доказ се појавил во 1854. година.

Денес е јасно дека џиновската лигња живее во сите океани на Земјата, а најголемата регистрирана лигња тежела околу тон и била долга дури тринаесет метри.

Најчитани вести