Магазин

ВИДЕО: Дакота Џонсон за малку ќе го загубеше фустанот на сцена

ВИДЕО: Дакота Џонсон за малку ќе го загубеше фустанот на сцена

Доделувањето на наградите People choise awards ќе биде запаметено по еден интересен настан што и се случи на актерката Дакота Џонсон.

Ѕвездата на филмот Педесет нијанси сива ја освои наградата за омилена драмска актерка, а додека ја земаше наградата доживеа незгода со фустанот. Кога една од презентерките ја прегрна, горниот дел од фустанот се откопча.

Сепак Дакота не дозволи да се збуни и одржа вистинска лекција за снаодливост. Таа само се насмеа додека го држеше фустанот со едната рака, а наградата со другата и рече:

Лесли ми го расипа фустанот. Но, добро, не е дека сите за малку ќе ми ги видевте градите!

Погледнете што се случи во приложеното видео!