среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 37

ВИДЕО: Дали бракот помеѓу Ким и Кание е само претстава за медиуми?

Најпознатата реална ѕвезда, старлетата Ким Кардашиан секојдневно ги полни страниците на жолтиот печат, а нејзиниот љубовен живот ја заинтригира светската јавност.

kim+kanie

Поврзани вести

Најпознатата реална ѕвезда, старлетата Ким Кардашиан секојдневно ги полни страниците на жолтиот печат, а нејзиниот љубовен живот ја заинтригира светската јавност.

Кога беше објавено дека таа е во врска со раперот Кание  Вест и дека планираат нивната љубов да ја крунисаат со брак, многумина тоа го прифатија со доза на неверување, затоа што тоа е трет брак на старлетата. Сепак нивната венчавка се одржа, а  двојката во меѓувреме доби две деца.

Сепак, во последно време се појавија сомнежи дека нивниот брак е само маска за медиуми, а таа приказна беше потврдена и со нивното појавување на доделувањето на МТВ ВМА наградите. Имено, се додека беа свесни за присуството на камерите глумеа дека се во среќен брак и разменуваа нежности, а потоа се појави и едно видео од зад сцената.

На видео снимката се гледа дека Ким  седи во другата страна на собата во однос на нејзиниот сопруг и дека и двајцата гледаат во нивните телефони, не обрнувајќи внимание еден на друг.

Најчитани вести