понеделник, 27 март 2017  |  Вести денес: 59

ВИДЕО: Давид Луиз се враќа во Челзи

Иако многумина беа изненадени од информацијата дека Челзи работи на тоа да го врати поранешниот стопер, сега веќе е и службено: Давид Луиз ќе оди на лекарски преглед и се враќа во Лондон пишува Скај Спортс.

david-luiz

Поврзани вести

Иако многумина беа изненадени од информацијата дека Челзи работи на тоа да  го врати поранешниот стопер, сега веќе е и службено: Давид Луиз ќе оди на лекарски преглед и се враќа во Лондон пишува Скај Спортс.

Лузи во 2014-та година го напушти тимот на „сините“ и се пресели  во Париз. Голем број навивачи  и воопшто не тагуваа поради таквата одлука, а кога Бразилецот го прослави голот на Стемфорд Бриџ многумина го отпишаа.

Секако, по натпреварот Луиз им се извини на навивачите на Челзи и рече дека е нормално да се прослави голот и и дека неможел да ги задржи емоциите.

Бразилецот повторно се враќа во синиот дрес, а Челзи за неговите услуги плати 40 милиони евра. За ПСЖ настапуваше две години во кои имаше 89 настапи и даде 8 голови.

Најчитани вести