ВИДЕО: Децата лажно го обвиниле дека ги силувал и пиел крв од бебиња!

Актерот Рики Дерман се нашол на удар од јавноста откако неговите деца против него покренале лажна тужба дека сексуално ги злоставувал, односно дека бил еден од озлогласените членови на сатанистички педофилски култ.

-Зборуваа дека сум лидер на сатанистички култ, дека сум педофил, дека сум убивал бебиња и сум ја пиел нивната крв, секакви гадости, рекол видно потресениот актер.

Неговата репутација била на жесток удар, а неговата адреса, телефонски број и фотографија биле објавени на интернет, каде бил означен како “сатанист и педофил”.

Кратко потоа почнал да добива бројни закани преку телефон, интернет и пошта, каде му било ветено дека “ќе дојдат до него и ќе му стават крај на неговиот педофилски живот”.

Меѓутоа, судијата од окружниот суд во Хампстед обелоденил дека обвиненијата се чиста измислица и дека нема ниеден доказ против актерот.

Било откриено дека неговата поранешна сопруга Ела Дрејпер, ги натерала неговите деца да измислат лаги за злоставување. Кога судот тоа го открил, распишал потерница по Ела и нејзиниот сегашен партнер, Абрахам Кристи, за кого постои сомнение дека е соучесник во заговорот против Дерман. Меѓутоа, тие ја напуштиле земјата.

Судијата навел дека Ела Дрејпер и Абрахам Кристи “вршеле психички притисок и физички ги злоставувале децата, додека не ги убедиле лажно да сведочат против својот татко”.

По разговорот со полицијата, децата признале дека мајката и очувот ги тепале и малтретирале, со закани дека ќе им наштетат доколку не го обвинат својот татко.

Со токсиколошките анализи било установено и дека децата се принудени да консумираат канабис.