(ВИДЕО) Дејвид Летерман оди во пензија

Дејвид Летерман синоќа ја водеше последната емисија во својата 33-годишна кариера.

Последното негово шоу „Late Show” траеше 15 минути подолго од вообичаеното време, поради тоа што водителот им заблагодаруваше на воите долгогодишни соработници.

„Единствено што ми преостанува да направам во оваа моја последна емисија е на сите да ви кажам благодарам и лека ноќ“, порача на крајот Летерман.

dejvid1

Како еден од столбовите на американската телевизија, кој држи рекорд во времетраењето на вакви популарни вечерни емисии, тој своето заминување во пензија го најави уште минатата година.

Дејвид Летерман (68) во својата кариера, која почнала во 1978 година, водел повеќе од 6.000 вечерни емисии. Неговите емисии имаат овоено 11 Еми награди,  а номинирани се повеќе од 100 пати.

Летерман за првпат се јавува као водител во ТВ „Си-Би-Ес“, на 30 август 1993 година, во емисијата „Late Show“.

Стивен Колбер, водителот на емисијата „Комеди сентрал“(Comedy Central), ќе го наследи Летерман на ТВ „Си-Би-Ес“.