ВИДЕО: Делфини го спасиле од ајкула!

Делфини му го спасија животот на Адам Вокер од Велика Британија, кој додека пливал во водите на Нов Зеланд забележал ајкула во негоа близина.

Тој не бил нападнат од ајкулата затоа што група делфини направиле обрач и цел час пливале покрај него.

Вокер рекол дека на моменти делфините биле толку блиску до него, што им го чувствувал допирот. Тој сепак вели дека не е сигурен дали го формирале обрачот за да го заштитат или само за да си играат, но бескрајно е благодарен што се нашле тука.

Досега се регистрирани повеќе случаи во кои тие делфините напаѓале ајкули односно формирале обрачи околу луѓе за да ги заштитат од напад.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.