ВИДЕО: Демонстрантите ја попречија парадата по повод Денот на благодарноста

Група активисти, незадоволни од одлуката да не се покрене обвиение против полицаецот Дарен Вилсон за убиство на невооружениот тинејџер Афроамериканец, Мајкл Браун, ја попречија вчера традиционалната парада по повод Денот на благодарноста. Полицијата упаси најмалку седуммина демонстранти.

Активистите уште завчера ги објавија своите планови за попречување на традиционалната парада по повод Денот на благодарноста, во рамките на која илјадници маскирани учесници во свечената поворка минуваат низ улиците на Менхетен, придружувани со музика.

Весникот „Њујорк пост“ пишува дека повеќе десетици активисти во средата се собраа на една локација во центарот на Менхетен, со цел да го разработат планот за попречување на парадата.

– Полицијата нема да не уапси и нема да пука кон нас, изјавил за весникот организаторот на акцијата за попречување.

Парадата по повод Денот на благодарноста секоја година во живо се пренесува на американската телевизија, а ја следат милиони гледачи ширум светот.

На социјалната мрежа Твитер се појави информација дека њујоршката полиција побарала од телевизиските станици да не ги пренесуваат протестите.