ВИДЕО: Детали за големата полициска акција во Куманово

Mинистерството за внатрешни работи објави детали за големата полициска акција во Куманово.

Во раните утрински часови, во координација и со наредба на надлежниот јавен Обвинител, МВР отпочна со реализација на Оперативната обработка „Молња“ која имаше цел да ја открие целокупната мрежа на соработници и помагачи на криминално-терористичката група која беше стационирана во „Диво Насеље“ во Куманово.

Како што информира МВР, во текот на досегашната истрага соодветно била документирана нивната улога и поврзаност со случувањата во „Диво насеље“, како и инволвираноста во претходниот напад на Полициската станица во „Гошинце“.

Осомничените главно имале улога…