ВИДЕО: Дете извлечено живо од урнатиот авион во Тајван

Спасувачите извлекле двегодишно дете од остатоците на авионот на тајванската компанија кој вчера удри во мост и падна во река , при што загинаа најмалку 23 лица.

На видео записот од местото од несреќата се гледа како спасувачите го извлекуваат момчето и го ставаат во чамец за спасување.

Несреќата се случила откако кратко време по полетувањето, авионот се свртел на бочната страна и со десното крило удрил во надвозникот на мостот, по што се урнал во реката.

Инаку за чудо од 58 патници и членови на екипажот, 15 ја преживеале несреќата.