ВИДЕО: Деветгодишно девојче проголтано од песок на плажа!

“Погледнав и прво помислив дека децата си играат, но тогаш започна панично врискање. Луѓето копаа и копаа, но песокот цело време се полнеше”, вели еден сведок на трагедијата.

9-годишната Изабела Грејс Франк го изгубила својот живот играјќи на плажата во Линколн Сити во американската држава Орегон, кога паднала во дупката која ја ископала со пријателите. Песокот почнал да ја полни дупката, но и покрај брзата интервенција на минувачите, не успеале да ја спасат.

Според зборовите на сведоците на оваа трагедија, девојчето само паднало во дупката, а потоа исчезнало.

“Погледнав и прво помислив дека децата си играат, но тогаш започна панично врискање. Луѓето копаа и копаа, но песокот цело време се полнеше”, вели еден сведок на трагедијата.

Набрзо пристигнале и пожарникарите, а кога ја извлекле, итната помош се обидела да ја оживее, но можеле само да констатираат смрт.