ВИДЕО: Деветмесечно бебе сурфа со својот татко

Професионалниот сурфер Џорџ Тирадо од Порторико не можеше да го дочека денот кога заедно со својот син ќе се впушти во авантури по брановите. Првото искуство на брановите со 9-месечниот син го снимал и со GoPro камера.

Иако многумина не биле воодушевени од оваа одлука, со оглед на тоа дека брановите и водата се доволно опасни за вака мало бебе, Џорџ не смета така.

– Никогаш не би си го довел својот син во опасност. Го држев цврсто цело време и неговите нозе беа на мојот стомак, изјавил тој и додал дека сурфањето воопшто не е опасно.