ВИДЕО: Деветнаесетгодишна девојка плаче крв, наместо солзи

Деветнаесетгодишната Делфина Кадењо од Доминиканската Република, боледува од Хематидрозис,  ретка болест поради која плаче крв. Хематидрозис е всушност нарушување кое доведува до 20 пати поголемо лачење на адреналин поради што оваа девојка низ потта и солзите исфрла крв.

„Се’ почнало да се случува пред четири години. Бев во шок. Никој не можеше да ми помогне, ме гледаа како да сум луда. Дури кога прокрварив пред еден доктор, ме сфатија сериозно“, раскажува младата Кадењо, која освен преку солзите крвта ја исфрла и преку ноктите, брадавиците и низ носот.

Тинејџерката раскажува дека луѓето се плашеле од неа и мислеле дека таа ќе ги зарази со чудната болест.

„Децата ми се смееја. Морав да го напуштам училиштето бидејќи другарите во класот ми се исмеваа“, вели Кадењо која дури се обидела да си го одземе животот поради болеста.

Но, сепак нешто добро произлегло од нејзината болест.

„Мојата ретка болест ми помогна да ја пронајдам љубовта на својот живот. Мојот сегашен вереник Ресарис Авиља ја видел мојата приказна во медиумите и дојде кај мене во болница. Тоогаш ми рече дека сум преубава. Бев пресреќна“, вели девојката која наскоро ќе се мажи.

Докторите успеале да ја стабилизираат нејзината состојба така што и’ даваат лекови против анексиозност.