ВИДЕО: Девојче несакајќи го уби својот тренер за пукање

Чарлс Вака, воен ветеран од САД, почина во понеделникот откако девојче кое го учел да пука несакајќи му нанело смртоносни прострелни рани. Деветгодишното девојче учело да пука со узи, а Чарлс бил нејзин личен тренер.

Откако еднаш пукнала со узито, тренерот и рекол да се префрли на рафално пукање.

Потоа девојчето поради повратниот удар од силата на оружјето го свртела истото кон тренерот.

Вака бил префрлен во болница, каде што и починал. Девојчето, чие идентитет не е откриен, било на одмор со родителите, па го посетиле стрелиштето Bullets and Burgers. Таму стрелањето е легално, па поради тоа нема да се покренат никакви обвиненија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.