ВИДЕО: Девојче од Нигерија го отрула својот сопруг, ја чека морничава смрт

Васила Тасиу, 14-годишно девојче од Нигерија, го признала убиството на својот 35 годишен сопруг, кој го усмртила со отров за глувци, објави нигериската полиција. Таа го отрула сопругот неколку дена пред венчавката.

Доколку биде прогласена за виновна, Васила, која потекнува од сиромашно и конзервативно муслиманско семејство ја очекува смртна казна.

Активистите за заштита на човековите права го изразија својот бес поради ваквата можност, тврдејќи дека девојчето најверојатно било жртва на сексуално насилство, што ја навело на таков потег.
Рамата, втората жена на покојниот маж, изјавила дека тој кобен ден Васила подготвувала ручек, со оглед на тоа дека нејзе и било ред да ја дели постелата со мажот.

Видеото може да го погледнете на следнов линк   https://www.youtube.com/watch?v=H2BmUcwyeEg&feature=player_embedded