Свет

ВИДЕО: Девојче отиде да ја види кралицата, па доби шлаканица

ВИДЕО: Девојче отиде да ја види кралицата, па доби шлаканица

Шестгодишната Мејзи Грегори блескала кога била претставена пред британската кралица во велшка носија вчера во Кардиф. Но, потоа се случило нешто што најмалку го очекувала – војникот кој стоел до неа поздравувајќи ја кралицата несакајќи ја удрил.

Британските медиуми денес ја пренесуваат снимката на која се гледа како кралицата на излез од собата се поздравува со девојчето кое воодушевено ѝ предава букет цвеќе.

Кралицата потоа ја пофалила носијата која Мејзи ја имала на себе, а потоа тргнала кон излезот.

На снимката се слуша офкањето на девојчето, а кралицата си продолжува по својот пат.