Видео: Девојки уловиле риба од 1,4 милиони евра

Девојки од Британија, веслајќи со кајак во водите околу округот Кронвол, уловиле огромна сино-перка туна тешка повеќе од 150 килограми, чија вредност се проценува на повеќе од 1,4 милиони евра.

Имено, петте девојки ја приметиле мртвата џиновска риба како плута по морето и некако успеале да ја стават во својот чамец и да ја однесат до брегот. За жал, иако се воспоставило дека рибата може да се јаде и е во совршена состојба, Британките нема да можат да го искористат својот улов бидејќи оваа врста на риби е со закон заштитена и не смее да се продава според стандардите на ЕУ.

Британските власти ја конфискувале рибата, која поради својата големина на пазарот би чинела од 700 илјади до 1,4 милиони евра.