ВИДЕО: Дилер фатен како продава дрога на пренос во живо

Дилер од САД е уловен како продава дрога за време на вклучување во живо на Канал FOX 25.

Новинарот кој пренесувал настан од една улица во Ворчестер немал претстава што се случува позади него.

Дури и водителот во студиото забележал и благо се насмеал кога се вратил во програмата.