(ВИДЕО) Димовски: Во Собранието се силува демократијата

Во Собранието се случува силување на демократијата. Штотуку добивме порака дека на дневен ред се става точката за избор на потпретседатели за да има кој да го менува Талат Џафери во ноќните часови, изјави од собраниската говорница во понеделникот,  Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој побара пауза од еден час, пред да се утврди дневниот ред на денешната собраниска седница.

„Почнуваме седница која има историско значење на која на дневен ред е закон за јазици. Тезите дека сакаме да блокираме не се точни. СДСМ покажа неодговорност, а ДУИ немање чувство за 80 отсто од граѓаните кои не се согласуваат со потребата од закон за јазици“, рече Димовски.

ВМРО-ДПМНЕ поднесе 35.569 амандмани за усогласување со Уставот. Неофицијално, повеќе од 33 илјади амандмани се однесуваат за казните. Службите уште ги преведуваат.