ВИДЕО Дита фон Тиз заплови во музичките води

Самонаречената „стриптиз уметница“ модел, актерка, дизајнерка, манекенка булрска танчарка, Дита фон Тиз, позната и како поранешна сопруга на контроверзниот пејач Мерилин Менскос во февруари ќе го изададе самостоен музичка амлбум.

Продуцент на албумот е францускиот текстописец и пејач Себастијан Телие,чијаштосопруга Деан дела Ришардие ја напишала песната поднаслов „Rendez-vous“ за „жена којашто чезнее по задоволстата и ја презема контролата над својот живот“, пишува BBC во четвртокот.

„Кога ја видов Дита како танцувана музиката којашто ја напишав за неа, имав чувство дека нејзиниот физички изглед и особеност совршено се согласуваат со мојата музика. Така почнав да компонирам само за неа“, реклок Телие.

„Не сум професионална пејачка. Всушност имав дилема дали ќе снимам било што, но морам да признаам дека сум возбудена од тоа што се впуштив во нешто надвор од зоната на мојата удобност“, вели 45-годишната Дита.

Уметницата родена како Хедер Рене Свит во американската сојузна држава Рочестер, додека беше во брак со Мерилин Менсон во 2003 година глумеше во спотото за неговата песна „Mobscene“, а покрај тоа се појави и во видеоспотот на бендот Green Day за песната „Reduntant“, како и на снимката од концертот во живо на Џорџ Мајкл од 2008 година. Учествуваше и на Евровизија во 2009 година во Москва како дел од сценскиот настап на германскиот изведувач Алекс.

Најпозната е по своите точки како необурлеска танчарка чијашто најпрепознатлива точка е „ Martini Glass Show“ кога е капе во голема шаша со мартини прскајќи ги гледачите.

Според некои медиуми на почетокот од кариерата снимила и неколку порнографски филмови, а се појавуваше во фетиш магазините Bizarre и Marquis, a во 1999, 2001 и 2002 година сними сесии за прочуениот магазин Playboy.