ВИДЕО: Дизајнер пронајден мртов по журката кај Парис Хилтон

Дизајнерот на машка облека Мајкл Савоја (55) кој креирал облека за филмските ѕвезди е пронајден мртов во река.

Беше познат под прекарот Савоја Кројачот, а последен пат е виден околу 4 часот наутро на 13 февруари кога си заминал од журката кај Парис Хилтон, во њујоршкиот клуб Мараке, јави Си Ен Ен.

Во саботата наутро исчезнувањето го пријавил неговиот возач. Телото на Савоја е пронајдено во реката Хадсон во близина на бродот во кој живеел, а причина за смртта се уште не е позната. Полицијата соопшти дека на неговото тело не се пронајдени траги од насилство, и дека дизајнерот веројатно бил пијан и паднал од својот брод.

Сепак се чекаат наодите од обдукцијата за да се дознае што точно се случило. Дизајнерот и сопственик на бутикот “Хаус оф Савоја“ облекуваше бројни славни личности како Роберт де Ниро, Мет Дилон, Рики Мартин и многу други.