ВИДЕО: Доби камен во глава додека известуваше за нередите во Фергусон

Репортерката  Сара Сиднер била погодена со камен во главата додека известувала во живо од Фергусон, каде има жестоки протести во знак на револт по одлуката на поротата дека нема судски да го гони белиот полицаец кој во август го убил невооружениот 18-годишен црнец.

Таа клекнала и се фатила за главата, но само неколку секунди подоцна продолжила да известува.

За среќа, новинарката не била потешко повредена.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.