Магазин

ВИДЕО: Доби отказ па го искрши цел ресторан

ВИДЕО: Доби отказ па го искрши цел ресторан

Работник на ресторан на „Мекдоналдс“ во американската сојузна држава Минесота приредил вистинско шоу за збогум откако добил отказ. Пред да го напушти работното место неименуваниот Американец искршил се што можело да се скрши во ресторанот и ги навредувал своите дотогашни колеги.

Тие заедно со шефот се обидувале да го смират бесниот работник, кој ги „почестил“ со пцости и навреди, но не успеале во тоа.

Ненормалното однесување на отпуштниот работник го снимиле гости во ресторанот, кои потоа видеозаписот го објавиле на интернет. За помалку од 24 часа видеото имало над 50.000 прегледи.