ВИДЕО: Доказ што потврдува дека Русите го собориле патничкиот авион

Украинските безбедносни служби тврдат дека пресретнале конверзација која докажува дека Русија и проруските сепаратисти се одговорни за вчерашното уривање на малезискиот патнички авион, известува „Киев Пост“.

Првиот разговор наводно се одвива меѓу офицери на руското разузнавање и командантот на сепаратистите. „Туку што соборивме авион“, вели офицерот.

Вториот повик наводно се одвивал меѓу двајца сепаратисти, од кои еден го испитува местото на падот на авионот, каде на огромно изненадување констатира дека летот е цивилен.

„Тоа е 100 отсто патнички авион. Поѓаволите! Остатоците испопаѓале право во дворови на куќи“, вели еден од нив.

Снимката на разговорите ја објави украинската безбедносна служба.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.