ВИДЕО: Доказите што Заев ги презентираше се влезени во записникот на МВР

Опозицискиот лидер Зоран Заев се подлабоко тоне во сопствените лаги. На секој јавен настап самиот се демантира себеси и покажува дека манипулира со своите изјави кон јавноста, пишува „Курир“.

По којзнае кој пат тоа се потврди во денешната прес-конференција на која сакајќи да ја обвини власта дека нешто крие за истрагата за смртта на Младенов, само докажа дека ништо не било сокриено.

Заев на денешната прес-конференција излезе со обвинувања дека Министерството за внатрешни работи криело информации, а читаше работи бележани од записник на МВР.

Тој прво објави наводна СМС преписка меѓу Јанкулоска и Груевски и обвини дека информациите од пораката не се споделени со јавноста.

Неколку моменти по оваа изјава, Заев информацијата ја прочита токму од записникот на МВР.

Сомнежот дека автомобилот на Младенов имал претходна гребаница од контакт со друг автомобил што го кажа Заев е впрочем констатирано во записник на МВР.

Заев на прес-конференцијата читаше и уште една работа што е констатирана во записникот на МВР и било предмет на истрага, а тоа се најдените фискални сметки. Тој со овие работи сакаше да внесе сомнеж и со сила да искреира случај, но од тоа не успеа.

Се потврди дека смрта на Младенов е трагичен настан.

Лагата која Заев сам си ја демантираше, погледнете ја во видеото: