ВИДЕО: Драги Каров ги предводи протестите на СДСМ во Велес

Изминативе неколку дена, во Велес неформалната граѓанска организација Протестирам, организира протести. Според информациите до кои дојде порталот „Курир“, предводник на овие протести, каде што се собираат околу 200 подржувачи на СДСМ и СОРОС, е лицето Драги Каров.

Порталот потсетува дека Каров помеѓу велешани, но и пошироко  е познат по своите антимакедонски ставови. Истото лице има изразито бугарофилски ставови, што можат да се погледнат во видеото во прилог.

Велешани се погласно зборуваат дека поголемиот дел од лицата кои протестираат овие денови, се лица кои во минатото имале сериозни проблеми со законите.

Само за потсетување, на првиот ден од нивните протести во Велес, имаше повредено еден припадник на полициските единици и имаше уништено јавен имот.