ВИДЕО: Драматично спасување на мајка и бебе од поплавите во БиХ

Единствено со чамец може да се влезе во поплавениот Маглај во БиХ, а луѓето на своите балкони и покриви од куќите и зградите чекаат спас.

Поради невремето е намалена видливоста. Запрена е евакуацијата со хеликоптери, а граѓаните се спасуваат со чамци.

Од градот под вода успешно се евакуирани и мајката и малечкото бебенце.