ВИДЕО: Дрон со албанско знаме се развиори и пред седиштето на УЕФА

Неколку стотици Албанци протестираа пред седиштето на УЕФА во Нион и лансираа дрон со албанско знаме.

Протестот наречен „Горди црвено-црни“ имаше за цел на челниците на УЕФА да им укаже на „неправдата“ поради одлуката на Дисциплинската комисија да го регистрира прекинатиот меч во Белград со службени 3:0 во корист на Србија.

Во текот на изминатата недела имаше неколку протести на Албанците пред седиштето на УЕФА и порачаа дека „европската куќа на фудбалот“ за нив е мртва.

На вчерашниот протест учесниците скандираа навредливи пораки за УЕФА и за Србија.