ВИДЕО: Дуото 2Cellos објави спот за обработката на песната „They Don’t Care About Us“

Познатото дуо 2Cellos, Лука Сулиќ и Стјепан Хаусер, ја обработија песната на кралот на поп музиката Мајкл Џексон под наслов „They Don’t Care About Us“ и го објавија спотот.

Ова е втора песна на Џексон која 2 Cellos ја обработија во нивната кариера. Претходно ја обработија песната „Sooth Criminal“ со која се прославила пред четири години.

– Заради силната порака која оваа песна ја носи, сакавме да направиме еднакво толку силно и потресно видео, а концептот главно е тој дека ние сме само фигури на шаховска табла со која управуваат големи корпорации, моќни поединци кои владеат со светот. Тие се тие кои со меѓусебен интерен договор не испраќаат во војна каде се убиваме едни други за ништо. Гинеме заради нивните алчности, интереси и желби за моќ. Сакавме да покажеме колку всушност се бесмислени сите тие силни војни, соопшти познатото дуо, објаснувајќи го концептот на спотот кој го режираше, Зденко Башиќ.