ВИДЕО: Дупка преполнета со вода повлече автомобил во Ново Лисиче

На булеварот Србија во населбата Ново Лисиче во близина на бензинската пумпа – каде  што веќе има градежна дупка, пропадна земјата и ги повлече автомобилите кои беа паркирани покрај паркингот, објавува порталот „МК. ЊУЗ“

IMG_0959

Еден автомобил целосно пропаднал во  дупката која што е преполна вода.Одвреме на време се слуша ужасен звук на рушење, полицијата ги советува граѓаните да не се доближуваат бидејќи е можно водата целосно да го повлече и другиот дел од паркингот.

Зад овие паравани има ископано огромна дупка за темели бидејќи во тек се градежни работи, најверојатно поради силното невреме и огромната количина вода дупката се преполнила и ја повлекува со себе и околната земја.

o

l

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.