ВИДЕО: Двајца полицајци застрелани за време на протест во Фергусон

Двајца полицајци беа застрелани за време на протестот во градот Фергусон, во американската сојузна држава Мисури, јави ДПА, пренесе МИА.

Полицајците биле застрелани пред полициска станица во Фергусон, каде се одржа протестот. Детали за нивната состојба се уште не се соопштени.

Протестот пред полициската станица се одржа неколку часа, откако началникот на полицијата на Фергусон, Томас Џексон поднесе оставка, по критичниот федерален извештај, во кој се наведува дека полицијата во градот има предрасуди кон Афроамериканците.

Во Фергусон минатото лето полицаец белец застрела невооружен афроамерикански тинејџер, што предизвика бран протести.