ВИДЕО: Две жртви, 17 повредени во експлозијата во Њујорк

Две жени го загубиле животот, а 17 лица се повредени при денешната експлозија во зграда во Њујорк.

Првично беше соопштено дека се повредени 11 лица, меѓу кои четворица пожарникари.

Њујоршките противпожарни служби добиле повик од Источен Харлем на Менхетен за голема експлозија во која биле срушени две згради, а според првичнитеизвештаи има најмалку 17 повредени. Во несреќата две жени го загубиле животот, јавува „Њујорк пост“.

„Се срушија две згради. Се надевам дека во другата немаше никој. Останаа само рушевини“, изјавил еден од сведоците.

Облаци црн дим можеле да се видат во пречник од три блока згради. Запрено е и движењето на метро линиите од и кон станицата Гранд Сентрал.

Според њујоршки медиуми, противпожарната служба ангажирала 168 пожарникари во гасење на огнот.

Засега властите немаат точни податоци за бројот на станарите кои се наоѓале во зградите во моментот на експлозијата.

)