Видео: Џихадист со секира нападнал полицаец во Њујорк

Американцеот Зејл Томпсон (32) со секира нападнал полицајци на сред бел ден во Квинс.

Нападот го снимиле безбедносните камери, а надлежните испитуваат дали настанот е поврзан со исламските терористи.

Зејл без никаква причина ги нападнал полицјаците, од кои едниот го удрил во раката, а другиот во главата.

Полицајците успеале да го убијат напаѓачот.

Инаку во инцидентот е повредена и една жена која била погодена од залетен куршум за време на престрелката.

Она што со сигурност може да се потврди, како што пренесуват надлежните, е дека Зејл бил мотивиран од џихадистите, судејќи од фотографиите кои ги имал прикачено на својот Фејсбук профл.

Во тек е постапка со која ќе се утврди дали напаѓачот делуват по нечиви наредби и кој бил неговиот мотив.