ВИДЕО: Џони Деп пијан дошол на доделување награда

Холивудскиот актер Џони Деп беше еден од презентерите на Холивудскиот филмски фестивал. За разлика од другите, тој на сцена излезе видно пијан.

– Ова е најчудниот микрофон што сум го видел – беше првото што Деп го кажа.

Тој се обиде да го прочита однапред подготвениот текст, а откако не успеа, сама кажа неколку реченици за Шеп Гордон, кој доби награда за документарен филм.

– Не ми одат баш најдобро овие говори. Но, Шеп со децении е еден од омилените и најценетите менаџери во музичката индустрија. Многу сум среќен што постои во мојот живот. Значи, морате да го видите филмот – рече Деп.

Потоа во еден момент пцуеше, а кога сфати што кажува, само ја затвори устата со рака.

– Мислам дека ова е една од оние ноќи – рече Деп.

Неодамна тој изјави дека  година ипол не пие алкохол, но изгледа дека порокот сепак е посилен од него.