(ВИДЕО) Ед Шеран изненади свој фан и импровизираше дует

Тринаесет годишната Сидни Бурбау, во еден американски мол, во неделата го пеела  хитот на Ед Шеран „ Thinking Out Loud” во склоп на хуманитарна акција за нејзиното училиште, кога ненадејно британската поп-ѕвезда и’ се приклучил на сцена.

Шеран бил во една продавница во близина кога ја слушнал мелодијата и одлучил да направи импровизиран дует.

Братучедот на Шеран, Мареј Камингс, го снимил моментот, па дури и се шегувал на Твитер дека ѕвездата ја  уништил перформансата на Бурбау.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.