Видео: Еден ден на Викторија Бекам

Во интервју за британски „Вог“, Викторија Бекам раскажа што доручкува, кога вежба, дали ја чисти куќата…

Модната дизајнерка и сопруга на фудбалерот Дејвид Бекам, докажа дека е навистина префинета како што ја опишува и самата додавка на нејзиното име “posh”, додека зборуваше за својот луксузен животен стил.

Викторија Бекам за британското издание на магазинот „Вог“ дозволи екипа да ја следи додека таа ги обавува своите дневни ритуали.

Додека таа носи кецела со натпис „Премногу префинета за да пере“, во интервјуто, Викторија признава дека тоа е потполно така.

„Тоа е така. Јас никогаш не ја средувам куќата. Наша нова опсесија е да јадеме пчеличен полен, бидејќи содржи многу витамини и минерали. Ве молам немојте да напишете дека сум потполно луда бидејќи тоа го правам за да немам брчки“, вели Викторија по тренингот во 6 часот наутро, кој го практикува пет пати неделно.

Викторија признава дека била веган цела година, но како што вели, тогаш ја немала енегијата која и била потребна за да ги заврши сите обврски како вработена мајка, која патува по целиот свет, пред се поради работата која ја има.

Во семејниот дом на Бекамови можат да се видат огромни слики на членовите на семејството, како и уметнички дела чија вредност се проценува на повеќе десетици илјади фунти. Меѓутоа за време на интервјуто, Викторија се обидела да ја убеди екипата на „Вог“ дека таа е приземна личност, а не онаква како што изгледа во јавноста.

„Сакам да одам во продавница и да купувам храна. Не велам дека тоа постојано го правам, но кога ќе отидам точно знам што сакам“, вели Викторија.

Таа секој ден станува во 6 часот наутро, а си легнува навечер околу 23 часот, откако ќе помине најмалку еден час квалитетно време во Дејвид.

„Ни Дејвид и јас не сме мрзеливи. Не сакам мрзеливот и бегање од работа. Работам напорно и досега имам постигнато многу. Мислам дека повеќе од ова не можам да постигнам“, заклучува Викторија.

Дел од интервјуто за „Вог“ можете да погледнете на следното видео:

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.