ВИДЕО: Еден загинат и тројца исчезнати во поплавите во Франција

Најмалку едно лице загина, а три се водат за исчезнати во поплавата што ја зафати Југозападна Франција, предизвикана од силните бури, соопштија француските власти.

Како што соопшти француското МВР, телото на загинатата жена е пронајдено до автомобил на брегот, а сè уште се трага по нејзината ќерка, за која се претпоставува дека загинала.

Како што јавуваат француските медиуми, поплавите вчера блокираа околу 130 деца во две училишта во близина на Сен Тропе, Јужна Франција. Децата, поради силното невреме, биле принудени да ја минат ноќта во училиштата заедно со наставниците.

Француските спасувачки екипи им порачуваат на родителите да не си ги ризикуваат животите, обидувајќи да стигнат со децата, уверувајќи дека тие не се во опасност.