(ВИДЕО) Еден загинат во ракетен напад во Ријад

Едно лице загина во ракетниот напад од јеменската бунтовничка шиитска милиција Хути вчера врз Ријад, главниот град на Саудијска Арабија. Тоа е прва жртва во престолнината во текот на тригодишната војна која ја води коалицијата на саудиските сојузници во Јемен.
Според новинската агенција СПА, противвозушната одбрана на Саудиска Арабија соборила седум проектили.
Саудијците пред полноќ уништиле три ракети над Ријад, а останатите над јужните градови Најран, Јизан и Камис Мушаит. Делови од една од ракетите паднале врз куќа во Ријад и убила еден и ранила двајца египетски државјани.

 

Ова е трет пат во изминативе пет месеци ракети да летаат преку Ријад, што е знак дека Хутите ги засилуваат напорите да дојдта до саудиската престолнина, но и знак за ескалација на регионалнсото сопреништво меѓу Иран и Саудиска Арабија, јавува Ројтерс.

Според медиумската агенција на Хутите, САБА, цел на ракетните проектили од типот Буркан Х2 во Ријад бил аеродромот Кинг Калид.