ВИДЕО: Едно дете загина кога џип удри во детска градинка

Едно дете загина, а единаесет други и едно возрасно лице се повредени, кога автомобил удрил во детска градинка во САД.

Едно од повредените деца се наоѓа во „критична“, а уште пет други, се во „тешка“ состојба.

До несреќата дошло кога џип налетал на друго возило, кое потоа удрило во градинката во градот Винтер Парк на Флорида. Во моментот на несреќата во градинката имало 50 деца.

Градоначалничката Тереза Џејкобс изјави дека овој инцидент претставува „апсолутна трагедија“.