ВИДЕО: Едноставно отстранете ги гребнатините од вашиот мобилен

Ова е мошне ефикасен трик, што брзо ќе ги отстрани несаканите гребнатини од вашиот мобилен телефон.

Се што ви е потребно е прашок за печиво, малку вода и сад во кој што ќе ги промешате овие состојки. Промешајте ја смесата додека не се групира, а потоа нанесете ја на парче ткаенина и со кружни движења нанесете на оштетениот дел од телефонот.

Потоа со крпа исполирајте го телефонот. Пробајте го овој едноставен трик и ќе бидете воодушевени од резултатот.