ВИДЕО: „Еј“, последен збор изговорен од пилотите на владиниот „кингер“

„Еј“ е последното што го изговорил еден од пилотите на владиниот „кингер“ кој се урна во брдото над селото Ротимље во близина на Мостар, БиХ. Во несреќата загина претседателот Борис Трајковски и државната делегација.

Видеоснимката е симулација на последните минути од летот со оригиналната аудиоснимка од разговорите меѓу пилотот, копилотот и контролата на летањето во Мостар.

Авионската несреќа се случи на 26 февруари 2004 година, само неколку километри пред мостарскиот аеродром.