Балкан

ВИДЕО: Експлозија на автомобил-бомба во Нови Сад, едно лице повредено

ВИДЕО: Експлозија на автомобил-бомба во Нови Сад, едно лице повредено

На аголот на булеварот Европа и улицата Далматинска во Нови САД, по осум часот утрово дошло до експлозија на бомба поставена во автомобил од марката „Сеат“ паркиран пред станбена зграда. Од експлозијата повредено е едно машко лице, сопственик на агенцијата „Динмик“, кој во моментот на детонацијата ја отклучувал вратата од својата фирма.

Во експлозијата автомобило изборел целосно. Како што донава српски Курир, регистарските таблици кои се наоѓале на автомобилот биле лажни, односно по својот број не одговарале на возилото.

novi-sad-eksplozija-bomba-foto-sladana-stojanovic-1412147009-577284

Од силната детонација оштетени се и стаклата на неколку автомобили кои биле паркирани во непосредна близина.

novi-sad-eksplozija-bomba-foto-sladana-stojanovic-1412147009-577285

Во моментот на експлозијата испукале и стаклата на продавниците во близина, а од локалите приметиле како човек лежи човек, на кого истрчале да му помогнат.

novi-sad-eksplozija-bomba-foto-sladana-stojanovic-1412147009-577286

Веднаш го преместиле и со противпожарни апарати почнале да го гаснат пожарот да не се прошири, како и да не ги зафати десетината возила на малиот паркинг.

novi-sad-eksplozija-bomba-foto-sladana-stojanovic-1412147401-577288

Противпожарната екипа искочила на терен и целосно го изгласила пожарот од автомобилот, а повредениот маж е пренесен со автомобил во новосадскиот Ургентен центар.