(Видео) Експлозија во близина на амбасадата на САД во Пекинг

Експлозија одекна денеска во близина на американската Амбасада во Пекинг, јави ДПА, повикувајќи се на очевидци од местото на ицидентот. Фотографии објавени на Твитер покажуваат голем чад и полициски возила во близина на Амбасадата, што се наоѓа во североисточниот дел од Пекинг.

Според западните медиуми, експлодирала импровизирана екплозивна направа, која засега неидентификуван маж се обидел да ја префрли преку оградата. Во инцидентот има повредени, а оштетено е и едно полициско возило. Освен Амбасадата на САД, во таа област се и амбасадите на Израел и Јужна Кореја.

Од друга страна, кинескиот државен весник „Глобал Тајмс“ објави дека полицијата привела жена која се полеала со бензин во обид да се запали.

На социјалните мрежи се објавени виде и фотографии од полседиците на експлозијата- чад, кордон и улица која полицијата делумно ја блокирала како и снимки на кои се гледа како војската и полицијата работат околу нешто под сина церада во рамките на кордонот.

Според очевидци, полицијата проверувала автомобил паркиран покрај амбасадата. Засега нема официјални потврди за инцидентот ниту од САД, ниту од кинеските власти.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.