Видео: Екстремистите ја предупредија САД

Екстремистичката организација Исламска држава објави видео во кое ја предупредува Америка за тоа што ја чека доколку испрати војници во Ирак, односно ако претседателот Барак Обама во оваа земја испрати свои трупи.

На видеото, во траење од 52 секунди под насловот „Огнови на војната“ се прикажуваат екстремисти кои во воздух држат тенкови и пукаат врз американските војници.

Се прикажува и изјавата на Обама дека американските војници нема да се вратат дома, а целиот прилог завршува со текстот „Борбата самошто започна“.

Снимката е објавена вчера и како што се верува таа е одговор на екстремистите на изјавата на началникот на Здружениот штаб на америкаксата војска, Мартин Демпси дека Пентагон може да прати воени советници кај ирачката војска.