ВИДЕО: Електромагнетно супермоќно оружје на американската армија

Американските маринци најавиле планови да ја стават во употреба првата електромагнетна направа, која истрелува борбени проектили без експлозив на далечина поголема од 160 километри, а се движи седум пати побрзо од звукот, пишува весникот „Индипендент“, пренесува Нетпрес.

Од воената морнарица на САД велат дека ова оружје претставува „иднина на морнаричката борба“, а сегашните прототипи имаат моќ да пробијат труп на брод, дебел како теретен воз. Ова ново супермоќно оружје ќе биде тестирано на воените бродови до 2016 година.

„Американската јавност тоа никогаш не го видела“, рекол адмиралот Метју Клундер, шеф на морнаричкото истражување.

„Тоа не е научна фантастика. Сега тоа е реалност и можете и да го видите“, додал Клундер.

Овој вид на технологија за прв пат бил прелдожен да се користи на почетокот на ХХ-от век, но досега цената била најголема кочница во неговата реализација и изработка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.