(ВИДЕО) Епилептичен напад причина за инцидентот со автомобил на Копакабана во кој загина бебе

Автомобил влетал на шеталиште во Рио де Жанеиро, блиску плажата Копакабана и усмртил едно бебе, а повредил 15 лица, соопштија бразилските официјални лица.

На интернет објавени се вознемирувачки снимки од инцидентот, кој прикажува повредени луѓе лежат на тротоар и песок.

Сведоците на инцидентот опишуваат дека “мал црн автомобил прелетал преку патеката за точаци” и се забил во пешаците кои се нашле на плажата во Рио де Женеиро.

Возачот, 41-годишен локален жител, кој е приведен рекол дека имал епилептичен напад, а во автомобилот се пронајдени лекови за епилепсија.

Полицијата потврдила дека во инцидентот загинало осуммесечно бебе, и дека нема доказ оти инцидентот е поврзан со терористички напад.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.