ВИДЕО: Ердоган изрази сочуство за турскиот геноцид во Ерменија

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган им изрази сочуство на внуците на жртвите од геноцдитот во Ерменија, кој Турција го извршила во текот на Првата светска војна, објавуваат светските медиуми, пренесува Нетпрес.

Ердоган тоа го сторил вчеравечер, на 99-годишнината од почетокот на масвоната депортација на Ерменците.

„Инцидентите од Првата светска војна се наша заедничка болка“, рекол тој.

Турскиот премиер призна дека настаните од 1915 година имале „нехумани последици“, но додал дека е „неприфатливо“ случувањата од минатото да се користат како изговор за непријателство против Турција денеска.

Изјавата на Ердоган е прв отворен обид од страна на турски лидер да понуди сочувство за убиствата, кои историчарите ги сметаат за прв геноцид во 20-от век.

Ерменија имаше неколку неуспешни обиди да ја натера Турција да ги признае убиствата на окколу 1,5 милиони луѓе, како геноцид.

Ставот на Турција беше дека околу 500.000 луѓе загинале во борбите и умреле од глад за време на Првата светска војна, и Анкара постојано одбиваше да признае дека сторила геноцид врз Ерменците.

„Милиони луѓе од сите религии и етникуми ги загубија своите животи во Првата светска војна“, рече Ердоган.

„Нечовечки чин“

Апсењата и масакрот на повеќе од 2.000 ерменски лидери започнал во Истанбул на 24 април, 1915 година.

Еден век подоцна, убиствата се уште се гориво за горчливи контроверзи, и често ги нарушуваат односите меѓу Турција и Западот. Но, имало и некои постепени знаци на промени.

Ахмет Давутоглу, шеф на турската дипломатија, лани, ги нарече настаните од 1915 и 1916 година „грешка“ и „нечовечки чин“, за време на неговата посета на ерменскиот главен град Ереван.

Со својата вчерашана изјава, Ердоган воедно повика и на дијалог меѓу двете земји, како и за формирање на комисија која ќе ги испита настаните поврзани со убиствата.

„Имајќи ги искуствата од настаните кои имаа нехумани последици – како што се протерувањата – за време на Првата светска војна, не треба тоа да биде пречка Турците и Ерменците да си изразат сочувство и да воспостават взаемни хумани ставови едни кон други“, рече Ердоган.

Но, не се знае дали зборовите на турскиот премиер ќе бидат доволни за да се стоплат односите меѓу двете земји.