(Видео) Ердоган пристигна во Сараево, поддржувачи доаѓаат од сите страни

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, пристигна за Сараево, каде што ќе присуствува во работна посета. Претходно, во Сараево стигнаа и првите автобуси со турски државјани кои ќе присуствуваат на денешниот митинг што ќе го одржи турскиот претседател.

Станува збор за Турци од Западна Европа, главно од Германија и Холандија. Тие се првите гости во Сараево од очекуваните 15.000 за кои е најавено дека ќе присуствуваат на митингот.

Нивното доаѓање го обезбедуваат полициски тимови на Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево, вклучително и специјални единици. На сараевските улици од рано утрово се присутни зголемен број на полицајци, кои се распредени низ целиот град.

Полициските службеници ги обезбедуваат крстосниците на главните градски улици како и автобуските и трамвајски постојки, но и просторот околу државните институции.

Министерството за внатрешни работи на кантонот Сараево изјави дека на терен ќе бидат ангажирани доволен број на полицајци и дека организаторите на јавнот собир во салата „Зетра“ ги презеле сите наложени мерки за безбедност. Безбедносните мерки во Сараево се зголемени на највисоко ниво, особено по информациите кои се појавија за наводна закана за атентат врз Ердоган.

Ердоган во Сараево ќе одржи предизборен митинг по повод предвремените избори во Турција закажани за 24 јуни.