ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Јапонија

Вулканот Асо во северна Јапонија утрово исфрли чад и пепел

Вулканот Асо, којшто се наоѓа на северот на Јапонија, рано утрово исфрли големо количество густ, сив чад со височина од 11 километри што претставува најголема ерупција на вулкан од почеткот на годинава.

Јапонската метеоролошка агенција соопшти дека ерупцијата се случила во раните утрински часови и дека освен чад, вулканот исфрлил и вулкански камења и пепел, поради што е подигнато нивото на безбедност во таа област.

На снимките емитувани на јапонските телевизии се гледа портокалов пламен, кој избива на повеќе локации при врвот на вулканот, додека областа се полни со сив чад.

Во ерупцијата нема повредени, ниту поголема материјална штета, освен што куќите во околните места се прекриени со пепел, а летовите над планината се одложени или откажани.